Битолската болница има нова директорка после оставката на д-р Обединковски

од Nikola Popovski
150 прегледи

Битолската клиничка болница ќе добие нов прв човек откако досегашниот директор, д-р Александар Обедниковски поднесе оставка од функцијата. На позицијата е именувана Елизабета Ивановска која е специјалист-интернист. Таа досега била раководителка на Интерно одделение во болницата.

По двата случаи во кои починаа шестгодишно девојче и новороденче, доктор Обедниковски пред два дена ја најави оставката од морални причини.

Тим инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) вчера влегоа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола со цел да ги утврдат причините за смртта на новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во таа болница. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Новиот т.н. здравствен инцидент во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, што е регистриран неколку седмици по смртта на шест годишното девојче Јана Христовска, која животот го загуби во Одделението за педијатрија во истата болница, предизвика револт во градот, кој утре во 17 часот повторно ќе биде искажан пред болницата со вклучување сирена и оддавање едноминутно молчење, известија организаторите на протестот.

Во врска со смртта на шестгодишната Јана, пак, веќе беше направена вонредна контрола по што беше соопштено дека инспекторите не нашле недостатоци во лекарското постапување.

Слични содржини