Цел свет се уште зборува за пресудата против Борис Бекер, според која тој ќе мора да помине две и пол години во затвор поради затајување данок.
Ако нешто е добро за некогаш славниот тенисер, постоечката казна би можела значително да биде намалена доколку Германецот добро се однесува.
Очекувано, блиските на легендарниот тенисер и поранешен тренер на светскиот бр.1, Новак Ѓоковиќ по судењето реагираа доста емотивно.
Поранешната сопруга на легендарниот Германец, Лили Бекер, ги открила последните зборови кои му ги упатила на Борис пред да оди во затвор, а проговори и за својот син и моментот кога му кажала дека татко му е во затвор.
– Лилијан, неговата девојка, ми кажа дека е добро. Јасно е дека не е во хотел со пет ѕвезди и дека е засрамен и понижен. Најдобро што може да направи е да остане ментално силен – изјави Лили Бекер гостувајќи во емисија на телевизија „Фокс“.
Таа објасни како се чувствувала кога ја слушнала пресудата.
– Мислам дека казната е престрога. Бев целосно скршена кога слушнав. Не можев да верувам бидејќи бев убедена дека ќе биде пократко од две и пол години. Морав да закрепнам, а не знаев како – рекла Лили и потоа го спомнала дванаесетгодишниот син.
– Тоа никому не би го посакала. Дека треба да му кажеш на дванаесетгодишниот син дека татко му е во затвор. Тоа беше најтешкото нешто што сум го направила во мојот живот. Не разбра што се случува, сè уште не разбира. Тој има само 12 години. Ми го крши срцето, но ме направи мајка лавица, затоа што мислам дека поминавме низ многу како семејство. Тој едвај чека да го посети својот татко во затвор.
На крајот, Лили открила што му рекла на Борис пред да оди во затвор.
– Му реков: Се гледаме следниот викенд, ако сакаш, се ќе биде во ред. Потоа му го испратив срце. Се разбира, би сакал наскоро да го посетам со мојот син.