Бившиот на Џеј Ло претстави линија за шминка

од Stefanija Kuzmanovska

Коректор и слични формули за рамномерен тон на кожата се во фокусот на новата линија што под свое име ја носи поранешниот спортист, попознат како свршеник на една од најпознатите светски пејачки, Џенифер Лопез.

„The blur stick“ е првиот производ на колекцијата шминка, односно коректор, потпишан од Алекс Родригез.

Ова се формули за убавина кои ги покриваат несовршеностите на кожата и ја хранат истовремено.

Хит се формули кои комбинираат шминка и нега, а Алекс ги следи трендовите. Тоа е колекција наменета за мажи кои сакаат да ги интензивираат утринските ритуали.

Џеј Ло и Алекс беа свршени од 2019 година, заедно од 2017 година, а раскинаа пред помалку од еден месец.

Слични содржини