Бизарен гаф на ПСЖ. Задоцни еден ден и сега треба да му плати на Мбапе 55 милиони евра

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Француската фудбалска федерација (ФФФ) го одби барањето на ПСЖ да ја преиспита одлуката на Француската професионална фудбалска лига (ЛФП), со која парискиот клуб се обврзува да плати 55 милиони евра заостанати плати и бонуси на поранешниот играч Килијан Мбапе, пишува АФП.

Мбапе го тужеше клубот затоа што не му беа исплатени платите за април, мај и јуни кои му следуваа според договорот, како и дел од бонусот за потпис. Неговите адвокати доставија докази до ЛФП и нивното барање беше одобрено и на ПСЖ му беше наложено да ги плати долговите на Мбапе. Клубот имаше право на жалба, но не ја достави навреме, што е неверојатен гаф.

ПСЖ имаше десет дена да поднесе жалба откако комисијата за жалби на ЛФП донесе одлука во корист на играчот на 25 октомври. Според француските медиуми, Парижаните ја испратиле жалбата ден по истекот на рокот, поради што автоматски била одбиена.

Слични содржини