БИЗАРНА реклама на погребално возило – НЕ СЕ ВАКЦИНИРАЈ (ФОТО)

од Nikola Popovski
257 прегледи

Во Шарлот, Северна Каролина, на улиците може да се види камион, на кој стои бизарна реклама „Не се вакцинирај“.

И покрај фактот дека на почетокот изгледа како порака од некоја група против вакцинација, со мали букви под натписот пишува: „Погребална фирма Вилмор“.

Фотографијата од камионот со необичната порака беше споделена на Твитер, а потоа се прошири и на другите социјални мрежи.

Според зборовите на сопственикот на компанијата, оваа реклама само пропагира спротивно од она што го пишува, односно – повик за вакцинација.

Во САД, 181 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19, а 45,4 проценти од Американците допрва треба да се вакцинираат.

 

Слични содржини