Поранешната девојка на sвездата на Баерн Минхен, Џером Боатенг, Касија Ленард е пронајдена мртва во стан во Берлин.
Од таа причина, Боатенг го напуштил тимот на Баерн, кој моментално се наоѓа во Катар, каде го чека финалето на Светското првенство за клубови и заминал во Берлин, за да биде со своето семејство. Тој и Ленард беа во врска 15 месеци, а својата романса ја завршија пред само една недела.
Германскиот модел и фотомодел го обвинила фудбалерот на Баерн за неверство, па дури и во една изјава го нарекла ѓавол.
Според неофицијалните информации, таа за време на нејзината смрт престојувала во стан што му припаѓал на Боатенг. Полицијата дошла на таа адреса по повикот, каде го пронашла нејзиното безживотно тело.
Според информациите на германскиот Билд од полицијата, засега нема индиции дека смртта настапила по насилен пат
„Вчера околу 20:30 часот, полицијата од населбата Шарлотенбург се сомневаше во самоубиство. Беше пронајдено безживотно тело во станот. Нема индиции за вмешаност на друго лице“, истакнале од берлинската полиција.
Jérôme Boateng's ex-girlfriend Kasia Lenhardt has sadly been found dead in her apartment. She was only 25.
The couple split up one week ago. RIP. pic.twitter.com/WndjiG0RxD
— FutbolBible (@FutbolBible) February 10, 2021
Несреќната девојка е родена во Полска во 1995 година, а вниманието на јавноста го привлекла на 17-годишна возраст, кога учествувала во германското издание на шоуто „Следниот топ модел“, каде го освоила четвртото место во седмата сезона.
Според германските медиуми, Ленард, мајка на едно дете, извршила самоубиство на денот кога нејзиниот син наполнил шест години.