Бизарна свадба: Невеста починала среде венчавка, по што младоженецот се оженил со нејзината сестра!

од Nikola Popovski

Невеста во Индија починала на денот на нејзината венчавка, а на нејзино место, нејзиниот младоженец решил да се ожени со нејзината помала сестра. Телото на несреќната жена по име Сурби лежело во просторијата покрај неа, додека парот разменувал завети во Етавах, во државата Утар Прадеш.

Како што пренесуваат британските таблоиди, Сурби доживеала срцев удар додека разменувала цветни венци со нејзиниот иден сопруг Манџеш Кумар, што е дел од хиндуистичката свадбена церемонија. Повикан бил лекар од блиското село да ѝ помогне, но не можел да стори ништо.

Братот на Сурба за агенцијата „ИАНС“ изјавил дека и двете семејства седнале да размислат што да прават и дека тогаш некој предложил нивната помала сестра Ниш да се омажи за младоженецот.

„Семејствата го разгледаа предлогот и се согласија“, рекол тој.

Несреќната Сурба била погребана по венчавката.

Слични содржини