Бизарно: „Сакаме изваденото срце на Марадона да патува со Аргентина во Катар“

од Nikola Popovski
446 прегледи

Аргентинска компанија за односи со јавноста и маркетинг агенција со седиште во Аргентина, Мексико и САД дошле до револуционерна идеја.

Тие сакаат да го однесат срцето на Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, со аргентинската репрезентација на Светското првенство во Катар. Тие веруваат дека ова срце ќе биде дополнителна инспирација за играчите да ја освојат новата светска титула по толку чекање. „Гаучосите“ за последен пат беа најдобри на планетата во 1986 година, а последното финале Меси и соиграчите го одиграа во 2014 година во Бразил.

Марадона почина во ноември 2020 година како последица на срцев удар. Нелсон Кастро, аргентински новинар и лекар, напиша книга за здравјето на Диего.

Тој истакна дека Марадона му завидувал на „се што е деструктивно за него“, но имал отпорно тело. Затоа тој „живеел подолго од луѓето со медицинско досие кое е слично на неговото“.

Приказната за срцето на Марадона се издвои.

„Имаше половина килограм, а обично тежи 300 грама. Имаше големо срце, срце на спортист, но и срцева маана“, објасни Кастро.

Тој исто така објасни дека Марадона бил погребан без срце.

„Група навивачи на Гимназија Ла Плата планираа да му го украдат срцето. Не успеаја, тоа ќе беше премногу смел потфат, се дозна за него пред да биде положено телото во ковчегот. Неговото срце беше извадено поради проучување и важно беше точно да се утврди причината за неговата смрт“, објасни Кастро.

„Сакаме да го исполниме она што мислиме дека би било негова желба, сакаме срцето на Марадона да патува со репрезентацијата во Катар. Така тој би патувал со нив, би бил со нив во кампот, собата, автобусот, соблекувалната, теренот. Ако Господ и Диего така сакаат, седум натпревари подоцна ќе бидат со посакуваниот трофеј. Тоа е наш сон и сакаме да стане сон на сите“, се наведува во заедничкото соопштение на компанијата.

Слични содржини