Бизнис империјата на претседателот на САД, Доналд Трамп е под лупа на федералната криминална истрага.
Судија на федералниот суд го отфрли барањето на претседателот да го одложи инспекцискиот надзор за неговите даночни пријави, што го побара обвинителот од Менхетен како дел од истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесува Ројтерс.
Судијата на федералниот суд Виктор Мареро ја донесе оваа одлука само еден ден откако го отфрли аргументот на правниот тим на Трамп, во кој се вели дека барањето на окружниот обвинител да организира расправа пред порота е претерано.
Судијата Мареро ја отфрли можноста за одложување на поканата на рочиштето затоа што правниот тим на Трамп не расправаше доволно убедливо дека жалбата што ја поднеле ќе биде успешна и дека неговото доаѓање на сослушувањето може да предизвика непоправлива штета на интересите на Трамп.
Наспроти неговите претходници во Белата куќа, Трамп одби да биде транспарентен и да ја претстави својата даночна пријава пред американската јавност.
Судската постапка против Трамп е покрената по откритието дека американскиот претседател ја поткупил поранешната порно глумица Сторми Даниел и поранешната Плејбој зајачица, Карен Мекдугал, од наводно сомнителни финансиски извори, по нивните тврдења дека биле во сексуална врска со него.