Бизнис заедницата бара повлекување на предлог измените на Законот за обигациони односи

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Бизнис заедницата бара повлекување на предлог измените на Законот за обигациони односи (ЗОО).

Оттаму нагласуваат дека, доколку се прифатат овие предлози граѓаните ќе плаќаат поскапи цени на комуналните услуги за да ги покријат трошоците на неплаќачите.

Со предлог измените кои се во Собранието, меѓу другото се предвидува неисплатената казнена камата да престане да тече во моментот кога ќе го достигне износот на главнината.

Со ваквиот предлог, велат оттаму, казнената камата ја губи својата функција и ќе предизвика негативни финансиски ефекти, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги подмируваат своите долгови, наспроти оние што навреме го правеле тоа.

Компаниите реагираат дека ваквите измени создаваат дополнителни ризици и ги намалуваат можностите за наплата на побарувањата, а истовремени поттикнуваат неплаќање заради благите мерки.

Предлог измените на законот што предвидуваат рокот на застареност да се намали на 5 години за долг, штета и слично и 10 години за извршна постапка предизвикуваат огромни реакции. Доколку се усвојат овие измени кои ги штитат неплаќачите, компаниите ќе изгубат огромни побарувања од своите сметки.

Според компаниите измените ќе доведат до зголемување на цените на голем број услуги, вклучувајќи ги банкарските услуги и ќе им создадат повисоки трошоци на сите граѓани, а ќе ги заштитат тие што и досега не плаќале.

Во Собранието изминатиов период се доставени предлог измени на два закони. Имено, на предлог на неколку пратеници доставени се измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување.

Слични содржини