Бизнисот против замрзнување на цените – за нив поспакувањата се оправдани и согласни со пазарната економија

од Vladimir Zorba
548 прегледи

Бизнисот и Организацијата на потрошувачите се повторно на две различни страни. Во низата аргументи против барањето за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи, Бизнис конфедерацијата издвојува неколку, меѓу кои како основни ги посочуваат правилата на слободната пазарна економија , како и обрвските на работодавачите.

 „Трговските компании и дистрибутерите, како работодавачи  мораат исто така да се грижат за своите вработени, основните и обртните средства исто како и сите останати, така да сите најавени ограничувања  можат директно да влијаат врз споменатите’’ , изјави за „Локално“, Миле Бошков, извршен претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Иако според него, иницијативата на Организацијата на потрошувачи е разбирлива, тој има задршка во однос на тоа кои треба да бидат нејзините приоритети.

Миле Бошков

Миле Бошков

„Фокусот на ОПМ би требало да биде насочен кон квалитетот, содржината, безбедноста и оригиналноста на производите и услугите. Цената на производите и услугите ги диктираат повеќе услови и фактори  на пазарот, а особено во слободна пазарна економија директното влијание и сугестиите од невладиниот сектор и од Министерството за економија создаваат притисок врз одржливоста и ликвидноста на компаниите“, вели Бошков.

Барањето за замрзнување на цените следеше по последното покачување на дел од прехрамбените производи,и тоа особено на млечните. 

Претседателката на ОПМ-Маријана Лончар  е свесна дека  како што вчера изјави,  тоа би била популистичка мерка имајќи го предвид фактот дека имаме пазарна економија, но апелираше да не се чека   во вакви ситуации .

Маријана Лончар Велкова

Маријана Лончар Велкова

За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната – млеко, сирење, путер…“рече Лончар  .

Мерки во делот на трговските маржи денеска најави премиерот Ковачевски. Според него, никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните,а интервенциите најверојатно ќе бидат и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.Тој најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Кризата, како што рече е поради недостиг на млеко во некои региони во светот по војната во Украина.

Во меѓувреме претставниците на власта најавија инспекциски контроли кои треба да утврдат дали трговците преку незаконско работење остваруваат екстра профит. Доколку потврдат вакви случаи, трговците кои манипулираат со цените можат  да добијат забрана за работа.

К.В.С.

Слични содржини