БЈБ има нов директор

од Nikola Popovski
152 прегледи

Продолжува смената на кадрите во државните институции, со доаѓањето на новата власт во државата. Бирото за јавна безбедност (БЈБ) има нов директор во името на Александар Јанев, кој ќе го наследи Сашо Тасевски.

Јанев има долгогодишно искуство на раководни позиции во МВР, а бил и началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.

На денешната седница на Владата, на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски, вработен во самиот ресор.

Директорот на БЈБ, на предлог на министерот за внатрешни работи, го именува и го разрешува Владата, а мандатот е четири години. БЈБ е орган во состав на Министерството за внатрешни работи што ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција.

Слични содржини