Бјелогрлиќ пуштен да се брани од слобода

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Белградскиот актер Драган Бјелогрлиќ денеска беше ослободен по сослушување во обвинителството во Ниш, поради удирање на режисерот Гага Антонијевиќ, за да се брани од слобода.

Како што пренесоа српските медиуми, Бјелогрлиќ го признал делото и ќе се брани од слобода во понатамошниот тек на постапката.

Инаку, граѓаните денеска се собраа пред Народното собрание во Белград за да му дадат поддршка на актерот и режисер.

Со себе понесоа транспарент на кој пишуваше „Слобода за Бјелогрлиќ“, кој го закачија на оградата пред Националното собрание.

Собирот за поддршка се случува во моментот кога Бјелогрлиќ беше испрашуван во Основното јавно обвинителство во Ниш, откако вчера го нападна режисерот Предраг Антонијевиќ.

Инаку, режисеротсе појави во ТВ -емисија со модринки на лицето и изјави дека не го испровоцирал актерот Драган Бјелогрлиќ кога се случил инцидентот во хотел во Ниш, иако според неофицијалните информации од хотелскиот персонал, постојат индиции дека Антонијевиќ постојано го провоцирал Бјелогрлиќ.

Слични содржини