Објавена снимката од нападот на Бјелогрлиќ врз режисерот Антонијевиќ

од Vladimir Zorba

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ утрово околу 4.00 часот беше приведен од нишката полиција, под сомнение дека го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“, објави „Блиц“.

Според изднието, Бјелогрлиќ му задал неколку удари во главата, како резултат на што Антонијевиќ се здобил со полесни повреди.

Полициската управа во Ниш за агенцијата Бета потврди дека рано утрово имале дојава дека имало физички конфликт помеѓу две лица во хотелот „Абасадор“.

„Полицијата излезе на лице место и се работи на утврдување на сите факти и околности за тој настан. Инцидентот е пријавен во Основното јавно обвинителство“, соопшти полицијата.

Во меѓувреме, се појави и снимка од инцидентот, симната од надзорните камери во хотелот…

Слични содржини