Бјелогрлиќ подготвува филм за Ален Делон, Стевица Марковиќ и нерешениот случај

од Vladimir Zorba
510 прегледи

Прославениот режисер Драган Бјелогрлиќ, во соработка со реномираниот француски продуцент и режисер Ладз Ли, веќе неколку месеци работи на сценарио и подготовките за филмот кој го истражува фасцинантниот живот на неодамна починатиот актер Ален Делон и неговата врска со Стевица Марковиќ, неговиот долгогодишен телохранител и пријател.

Драган Бјелогрлиќ подготвува проект кој до сега го чуваше во тајност, но ненадејната смрт на Делон го забрза потпишувањето на договорот и почетокот на работата на овој меѓународен филмски проект, пишува „Данас“.

Мистериозната смрт на телохранителот на Делон предизвика голема афера, позната како „афера Марковиќ-Делон“, која со месеци ја тресеше Франција. Истрагата, која будно ја следеа сите француски медиуми, опфати сè – од корзиканска мафија, преку францускиот џет-сет, до врвните политички кругови. Случајот никогаш не беше решен.

„Бјелогрлиќ отсекогаш бил заинтересиран за вистинити, но контроверзни приказни од современата историја кои се добро познати, но кријат неистражени детали. Неговите филмови како „Монтевидео“, „Сенки над Баланот“, „Тома“ и „Чуварот на формулата“ ја освоија публиката токму со овие карактеристики. Последниве години се посвети на истражување на „аферата Марковиќ-Делон“, а за време на премиерата на „Чувари“ во Париз разговараше со Ентони Делон, синот на познатиот актер, за можноста да сними филм за неговиот татко и неговата врска со српскиот телохранител“, открива извор близок до продуцентската куќа „Кобра филм“.

Според информациите на „Блиц“, Бјелогрлиќ планира да ги открие засега непознатите детали од аферата која ја разбранува француската јавност во 70-тите години.

Снимањето на овој амбициозен филм се очекува на крајот на следната година, на автентични локации во Белград и Париз, а во екипата ќе бидат вклучени француски и српски уметници, како во авторскиот, така и во актерскиот сегмент.

Слични содржини