BlackBerry официјално започна со продажба на својот нов паметен телефон на територијата на 28 земји-членки на ЕУ. Официјалната цена на BlackBerry Motion е 469 евра и наскоро ќе бидат достапни сите додатоци на компанијата за уредот. Испораката од онлајн продавницата на BlackBerry варира во различни земји и е помеѓу 6.56 и 13.75 евра. Корисниците можат да очекуваат наскоро премиерата на Peep Proof Flipcase, BlackBerry Motion Hard Shell и Tempered Glass Screen заштитникот во големите трговски синџири.
BlackBerry Motion располага со 5.5-инчен IPS екран со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели при густина од 403ppi и работи под управување на Android 7.1 Nougat. Новиот паметен телефон се напојува од 8-јадрен Qualcomm Snapdragon 625 процесор кој работи на 2GHz и е надополнет од Adreno 506 графички чип и 4GB RAM. Oсновната камера е со 12-мегапикселна резолуција и има f / 2,0 објектив и двоен LED блиц. Корисниците ќе можат да снимаат 2160p видео со брзина од 30 fps, објави gsmarena.
На предната страна има камера со 8 мегапиксели за селфи, а батеријата има капацитет од 4000mAh. BlackBerry Motion има водоотпорна обвивка, 32GB вградена меморија, слот за microSD картичка и поддржува LTE мрежи. Паметниот телефон е компатибилен со технологијата за безжично полнење Quick Charge 3.0 и е опремен со приклучок USB Type-C.
Како заклучок, ќе забележиме дека компанијата планира да продава само црна верзија на BlackBerry Motion во Европа.