Благодарница до семејството Заеви за личниот придонес во реновирање на службата за Трансфузиона медицина -Струмица

од Берта Китинска
190 прегледи

Министерот за здравство Д-р Венко Филипче  заедно со директорите на Институтот за трансфузиона медицина, како и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa- Струмица, вчера на претседателот на Владата Зоран Заев му врачија благодарница за личната донација на семејството Заеви за реновирање на оваа здравствена установа.

Службата за трансфузиона медицинa во Струмица по 35 години е првпат реновирана и рехабилитирана, со што струмичани добиваат модерен простор по највисоки стандарди за непречено дарување крв.

Се работи за целоснo реновирање на чекалната, амбулантите за преглед и земање крвни примероци, салата за пункција на крводарителите, кујната за освежување на крводарителите, лабораторијата за имунохематолошки анализи, лабораторијата за хемостаза и хемостатски нарушувања, кабинети за лекарите специјалисти, собата за дежурство за лаборантите и тоалетите. Реализацијата на проектот започна во февруари оваа година и заврши во април.

Слични содржини