396
Поранешниот премеир Никола Груевски се подготвувал да не влезе во затвор и мала е веројатноста дека тој е киднапиран. Тоа го тврди Благоја Марковски, пензиониран генерал од Армијата на Македонија. Во гостување на ТВ24 тој нагласи дека целата ситуација го најавила неговото бегство.
-Мала е веројатноста да се случило такво нешто. Имајќи предвид она што се случуваше пред неговото бегство од Македонија, односно индициите за негова подготовка за ова бегство. Почнувајќи од празнењето на банковните сметки, барањето на соодветна потврда од Антикорупциска комисија, неговото постојано инстистирање да се одложи издржувањето на казната. Тоа зборува дека Груевски се подготвувал да не влезе во затвор, додаде Марковски.