Блејзер од „Зара“ кој Кејт Мидлтон го носи дури осум години

од Stefanija Kuzmanovska
588 прегледи

Кејт Мидлтон неодамна преку видео им се заблагодари на сите што беа дел од проектот „Hold Still“ и испрати фотографии од нејзините портрети направени за време на локдаунот во Велика Британија. Многумина тогаш забележаа дека војвотката од Кембриџ го носеше своето омилено сако кое го носи – дури осум години.

Имено, за јавувањето преку видео порака, Кејт Мидлтон го избра црвениот блејзер од „Зара“ со ракави на лесен пуф, а војвотката го носеше истиот блејзер во 2012 година на Летните олимписки игри во Лондон.

Таа носеше едноставен бел топ под ова сако, а од модните додатоци избра златен ѓердан со потпис на британскиот златар Алекс Монро.

Патем, проектот „Hold Still“ беше лансиран од Кејт Мидлтон во мај годинава, во соработка со Националната галерија на портрети. Луѓе од сите возрасти од сите делови на Велика Британија можеа да учествуваат во проектот и да покажат како изгледа карантин преку нивниот фото-објектив.

„Најсилното за мене беше што овој проект покажа колку луѓето и заедниците се обединија и колку сме важни едни на други“, рече Кејт во видео пораката, заблагодарувајќи се на секој од 31.000 учесници кои доставија фотографии, вклучително и беа избрани 100 финалисти чии фотографии беа поставени на изложбата.

Слични содржини