Блекфон 2 – најсигурниот паметен телефон во светот?

од Vladimir Zorba
285 прегледи
На СМК во Барселона беше претставено второто засилување во семејството на Сајлент Сркл – Блекфон 2.SAMSUNG CSC
Зад 5-инчниот Фул ХД екран. покриен со Горила Глас 3, се крие 64-битен 8-јадрен процесор од Куалком, поддржан од 3ГБ РАМ, заменлива батерија со капацитет 3060 милиампер часови и поддршка на микроСДХЦ.
Дотука ништо невообичаено, но чекајте да слушнете за софтверот – тука е ПрајветОС 1.1, кој е ориентиран кон зачувување на вашите лични податоци и безбедност онлајн. Можете да го поделите системот на делови, сеедно како да имате неколку телефони – еден за бизнис, еден за лични работи и да речеме еден кој сеедно работи како Гугл Хром во инкогнито режим. Сé се енкриптира, податоците, сметките и сè друго не се меша меѓу. Во секој една од нив можете да користите различни сметки, да остварувате повици, да пишувате СМС-и, мејлови и т.н.
Можете исто така да ги користите и вградените Сајлент Свит апликации – има такви пораки, контакти, повици. Деновиве ќе стартува и Сајлен Стор – првата во светот продавница за апликации, ориентиран кон безбедноста и заштитата на личните податоци.
Блекфон 2 се очекува да излезе во текот на летото по цена од околу 629 долари.