Американската фирма за управување со инвестиции „БлекРок“ претходно оваа година ја прекина потрагата по инвеститори за фонд за закрепнување на Украина, кој требаше да биде претставен на Конференцијата за закрепнување на Украина следната недела во Рим, објави денес „Блумберг“.
Фирмата претходно оваа година ја прекина потрагата по инвеститори за поддршка на фондот за закрепнување на Украина по изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија извори запознаени со разговорите.
Портпаролот на „БлекРок“ изјави дека фирмата ја завршила својата „про боно“ советничка работа за „Фондот за развој на Украина“ за 2024 година и во моментов не е ангажирана во никаков активен мандат со украинската влада.