„Блер во Белград – дојде ѓаволот по своето“

од desk2
76 прегледи

 

Претседателот на Народната партија на Србија, Вук Јеремиќ, денеска на Твитер објави дека поранешниот британски премиер Тони Блер, повторно е во Белград.

Тој наведе дека Блер е фотографиран во четврток наутро во српската престолнина.

„Дојде ѓаволот по своето“, напиша Јеремиќ.

B92 потсетува дека во февруари 2015 година Блер престојуваше во Белград кога одржа еднострано предавање на одредени министри од тогашниот состав на Владата на Србија.