Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави воена помош за Украина и за земјите погодени од руската инвазија во вредност од над 3,75 милијарди долари.
Блинкен во изјавата наведе дека одобрува испорака на американско оружје и опрема за Украина, што вклучува повлекување на 2,85 милијарди долари што ќе и обезбеди на таа земја испорака на борбени возила Бредли, како и артилериски системи, ракети земја-воздух и друга муниција., објави Ројтерс.
Американскиот државен секретар изјави дека најновата американска воена помош за Украина вклучува 682 милиони долари наменети за европските партнери и сојузници за зголемување на донациите на воена опрема за Киев.
Блинкен истакна дека САД планираат да обезбедат дополнителни 907 милиони долари за воена помош за Украина, покрај веќе одобрените средства за таа цел минатата година.