Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупредил дека треба да се направи повеќе за да се заштитат цивилите во Газа и да се обезбеди хуманитарна помош. Блинкен изјавил за Си-Ен-Ен дека намера постои, но дека резултатите не секогаш се манифестираат.
– Она што не го гледаме доволно се неколку работи. Прво, погрижете се хуманитарните работници кои се таму, почнувајќи од Обединетите нации кои се однесуваат херојски, да можат да им донесат помош на луѓето на кои им е потребна, кажал Блинкен.
Тој додал дека мора да има повеќе време за паузи и одредени правци.
Блинкен нагласил дека е потребна појасна комуникација, за луѓето да знаат кога и каде е безбедно да се движат.
-Работиме секој ден за да се погрижиме разликата меѓу намерата и резултатот да биде што помала, кажал Блинкен.
На прашањето дали Израел им кажал на САД колку долго ќе трае сегашната фаза на операции, Блинкен рекол дека имало дискусии, но одбил да даде дополнителни детали.
-Израел мора да ги донесе овие одлуки, истакнал Блинкен и посочил дека сите сакаат кампањата да заврши што е можно поскоро.
Блинкен изјавил дека секогаш кога ќе заврши воената операција, тоа ќе биде само еден чекор во постигнување одржлив мир.
– Кога ќе заврши голема воена операција, не е завршена. Затоа што мора да имаме траен, одржлив мир. И мораме да се погрижиме дека сме на пат кон постојан одржлив мир, кажал американскиот функционер.