Блинкен и Кулебa во Мекдоналдс: „Кога бев студент, тука лечев мамурлак со чизбургер“

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По тој повод Блинкен најави нова помош за Украина во вкупен износ од повеќе од една милијарда долари.

Пред средбата со Зеленски, Блинкен се сретна и со шефот на украинската дипломатија Дмитрo Кулебa.

Политичарите го посетија „Мекдоналдс“ за време на посетата на Блинкен на Киев.

Украинскиот министер за надворешни работи му раскажал на американскиот државен секретар Ентони Блинкен како лечел „мамурлак“ во „Мекдоналдс“ кога бил студент.

„Одев во Мекдоналдс, купив двоен чизбургер и голема кока-кола, а тоа беше мојот појадок за будење“, рече Кулеба. Блинкен одговори дека тоа никогаш не го направил и истакна дека се надева оти тоа му се случувало на министерот „исклучително ретко“.

Слични содржини