Блинкен и Кулеба за напредокот во украинската контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба доцна во неделата изјавија дека телефонски разговарале за овонеделниот самит на НАТО и контраофанзивата на Киев за враќање на територијата окупирана од Русија, пренесува „Ројтерс“.

„Имав важна дискусија со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб денеска во пресрет на овонеделниот самит на НАТО“, напиша Блинкен на Твитер.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер во посебна изјава рече дека двајцата дипломати разговарале и за „напредокот во украинската контраофанзива“.

Кулеба на Твитер наведе дека разговорот бил за разработување на деталите пред самитот на НАТО кој започнува во вторник во Вилнус.

„Имав продуктивен разговор со секретарот Блинкен во пресрет на Вилнус“, истакна Кулеба на Твитер.

„Додека преостануваат уште 48 часа, работиме да се осигураме дека неговите конечни одлуки ќе бидат победничка за сите: Украина, НАТО и глобалната безбедност“, додаде тој.

Слични содржини