Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Израел треба да ги преземе сите неопходни чекори за да спречи ширење на конфликтот на Блискиот Исток.
„Државниот секретар Блинкен телефонски разговараше со член на израелскиот воен кабинет, министерот Бени Ганц. Двајцата разговараа за тековните напори да се олесни безбедното враќање на сите преостанати заложници, да се зголеми нивото на хуманитарна помош и да се спречи ширењето на конфликтот“, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Тој изјави дека Блинкен ја нагласил итната потреба да се преземат позитивни чекори за деескалација на тензиите на Западниот Брег и нагласи дека Израел мора да ги преземе сите мерки за да избегне цивилни жртви.
„Блинкен истакна дека САД остануваат посветени на преземање опипливи чекори кон формирањето на палестинска држава“, посочи Блинкен.
Ганц во понеделникот вечерта изјави дека разговарал со Блинкен и истакнал дека меѓународната заедница мора да се погрижи државата Либан да ги запре нападите на Хезболах врз Израел.