Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна дводневната посета на Киев во знак на поддршка за украинската контраофанзива и се очекува да објави нов пакет помош од САД во вредност од над една милијарда долари.
Блинкен најверојатно ќе објави нов пакет помош од САД во вредност од над една милијарда долари за време на неговата посета на Украина, изјави висок претставник на Стејт департментот на брифинг со новинарите.
Блинкен, кој е првиот висок американски функционер кој го посети Киев од почетокот на контраофанзивата, треба да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеб, како и со претставници на граѓанското општество.