144
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Кина многу внимателно набљудува како Вашингтон и светот реагираат на руската инвазија на Украина, чие влијание, како што рече, се чувствува во Азија.
Зборувајќи по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Блинкен нагласи дека доколку на Русија и се дозволи неказнето да го нападне својот сосед, тоа „ќе ја отвори Пандорината кутија за потенцијалните агресори и ќе доведе до конфликт“, објави Ројтерс.
„Влоговите во Украина ја надминуваат Украина и мислам дека имаат големо влијание врз Азија, на пример“, рече Блинкен, истакнувајќи дека Јапонија и Јужна Кореја се главните поддржувачи на Украина во конфликтот.