Блинкен: Меѓународната заедница е со Украина, ги осудуваме руските злосторства

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Најголемиот дел од меѓународната заедница постојано го осудува руското кршење на Повелбата на ООН и го отфрли нелегалниот обид за преземање на украинска територија, изјави денеска државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, цитиран од Стејт департментот.

„Во четвртокот, 141 земји гласаа во Генералното собрание за резолуцијата, клучните принципи на суверенитетот и територијалниот интегритет, ги осудува руските злосторства, изразува поддршка за праведен и сеопфатен мир, во согласност со Повелбата на Обединетите нации“, рече Блинкен.

Поради жестокиот отпор на украинските бранители, Путин не успеа во својата примарна цел да ја освои Украина, да го заврши нејзиното постоење како независна земја и ја апсорбира во Русија, додаде тој.

Слични содржини