Блинкен нема да се сретне со Лавров во Скопје, изјави висок претставник на Стејт департментот

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Висок претставник на Стејт департментот денеска изјави дека не очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да има каква било средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија.

-Не очекуваме средба, изјави неименуваниот функционер, пренесува „Гласот на Америка“ (ВОА).

Запрашан за одлуката на Блинкен да присуствува на самитот на ОБСЕ, високиот функционер на Стејт департментот кажа дека ОБСЕ е важна институција за справување со политичките прашања и прашањата за човековите права низ Европа.

„Секретарот ќе биде во Скопје во знак на солидарност со Северна Македонија, која заврши одлична работа во тешката година како претседавач, и воедно да изрази солидарност со другите членки на ОБСЕ“, се наведува во официјалното соопштение на Стејт департментот.

Властите на Северна Македонија му дозволија на рускиот министер за надворешни работи да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје, поради што Украина и балтичките земји го бојкотираат состанокот, додава ВОА.

„Присуството на Лавров на средбата на ОБСЕ во Скопје ќе ѝ даде на Москва можност да шири пропаганда“, соопштија шефовите на литавнската, естонската и летонската дипломатија.

Слични содржини