Блинкен: Повторно работи амбасадата на САД во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Американската амбасада во Киев денеска почна со работа, изјави државниот секретар Ентони Блинкен, речиси три месеци откако САД ги отстранија своите дипломати и ја суспендираа амбасадата поради руската воена операција во Украина.

„Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, ја одбрани својата татковина од непромислената инвазија на Русија, и како резултат на тоа, американското знаме повторно се вее над амбасадата“, рече Блинкен, пренесува „Ројтерс“.

Непосредно пред да се подигне американското знаме над амбасадата, портпаролот на Стејт департментот Даниел Лангенкамп рече дека мал број дипломати ќе се вратат на работа во првата фаза.

Слични содржини