Блинкен позитивен на корона – Дали постои ризик Бајден да има ковид 19?

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на тестот за ковид-19, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека Блинкен имал благи симптоми.

Обраќањето на Блинкен за Кина, кое требаше да се одржи во среда, е одложено, се вели во соопштението што го пренесе „Ројтерс“.

Тој ќе се „изолира во својата куќа“ и ќе работи виртуелно, изјави неговиот портпарол Нед Прајс.

Белата куќа, пак, соопшти дека американскиот претседател Џозеф Бајден не го видел Блинкен веќе неколку дена, така што немал близок контакт со него.