Блинкен: „Премногу Палестинци загинаа во Газа, ЖРТВИТЕ НА ЦИВИЛИТЕ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ“

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, наведувајќи во исто време дека САД ги ценат чекорите на Израел за минимизирање на цивилните жртви, но дека тоа не е доволно.

Блинкен истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината на помош што влегува во Газа, пренесе АП.

Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и уште еден безбеден коридор за намалување на цивилните жртви и зголемување на помошта за Палестинците.

Министрите за надворешни работи на САД и Индија и за одбрана се состанаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за безбедносните прашања кои ги вклучуваат Индо-пацификот, Кина и војната меѓу Израел и Хамас.

Слични содржини