146
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Израел на средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи израелски претставници, јавуваат светските медиуми.
Блинкен слетал во Тел Авив придружуван од новоименуваниот американски амбасадор во Израел, Џек Лу, пренесе Си-Ен-Ен.
Тоа е негова трета посета на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври.