Блинкен: „Путин беше на прагот на Киев – сега мораше да ја брани Москва“

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен рече дека бунтот викендов на приватната платеничка група Вагнер и нејзиниот водач Евгениј Пригожин е „директен предизвик за авторитетот на Путин“.

„Ако го ставите ова во контекст пред 16 месеци, Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го заземе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од картата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платеници кои сам ги создаде“, изјави Блинкен за ток-шоуто на CBS News Face the Nation.

Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.

„Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини“, смета Блинкен.

Блинкен оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера.

Слични содржини