Блинкен: САД се длабоко загрижени поради апсењето на новинарот на „Волстрит журнал“

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен изјави денеска дека САД се „длабоко загрижени“ поради фактот што американскиот државјанин, дописникот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, е приведен во Русија.

Според Ројтерс, американските власти се во контакт со изданието и ги осудуваат постапките на Москва кон медиумите.

Претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со приведувањето на дописникот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович за шпионажа, изјави дека не станува збор за сомнеж, туку дека новинарот е „фатен на дело“.

Слични содржини