Блинкен: САД силно ги осудуваат нападите врз полицијата во северниот дел на Косово

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Соединетите Американски Држави силно ги осудуваат нападите врз полицијата на северот на Косово, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и ги повика Приштина и Белград на деескалација на тензиите.

„Сторителите на ова злосторство мора да одговараат преку транспарентен истражен процес“, се вели во изјавата на Блинкен, а пренесе Ројтерс.

Во селото Бањска на северот на Косово, ноќта меѓу саботата и неделата дошло до конфликт меѓу локалните Срби и косовската полиција, во кој загинале тројца Срби и еден полицаец.

Слични содржини