Блинкен: Убедени сме дека Иран го изврши нападот врз танкерот!

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД се убедени дека Иран во четвртокот извршил напад врз танкер управуван од израелска компанија кај брегот на Оман, објави Стејт департментот.

Блинкен посочи дека нема оправдување за таков чин, како и дека САД и нивните партнери и влади во регионот ги разгледуваат следните чекори и соодветен одговор на нападот, пренесе Ројтерс.

Две лица загинаа во напад со беспилотно летало врз нафтениот танкер „Мерсер стрит“, со кој управува „Зодијак Маритим“, сопственост на израелскиот милијардер Ејал Офер.

Бродот пловеше под либериското знаме кога беше нападнат во близина на брегот на Оман во четвртокот, а компанијата соопшти дека сите околности се уште се утврдуваат, додека израелскиот министер за надворешни работи Жаир Лапид за овој инцидент во петокот го обвини „иранскиот тероризам“.

Иран ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Израел се обидува да го оттргне вниманието од фактите со такви неосновани тврдења.

Слични содржини