Блинкен во Давос: Ситуацијата во Газа го „крши срцето“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на Светскиот економски форум во Давос го опиша конфликтот во Газа како „срцекршачки“ и додаде дека на Палестинците им е потребна држава „која на народот ќе му го дава она што тие го сакаат и ќе соработува со Израел за да биде ефективна“.

Блинкен рече дека страдањето на мажите, жените и децата во Газа „му го крши срцето“ и инсистираше Америка да изврши притисок врз Израел во однос на одговорностите на земјата, пишува „Гардијан“.

„Најголемиот отров со кој се соочуваме ширум светот е дехуманизацијата“, истакна шефот на американската дипломатија, односно „неможноста да се види човечноста кај другите“.

Треба да го отстраниме тој отров, вели Блинкен, што значи, додава тој, дека лидерите ширум светот кои го гледаат тоа мора да бидат подготвени да одговорат.

На прашањето дали разликата во страдањата на Палестинците и Израелците за време на конфликтот значи дека животите на Евреите се поважни од муслиманските и христијанските, американскиот државен секретар остро се спротистави.

„Не, точка“, кратко одговори Блинкен.

Слични содржини