234
Еден од најпосакуваните играчи во европскиот фудбал – Ерлинг Халанд, многу брзо ќе одлучи за својата иднина.
Според „Дејли Мејл“, веста за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, 21-годишниот Норвежанец ќе ја објави за две недели. Изданието тврди дека управата на Манчестер Сити се уште е уверена дека ќе ја добие битката за Халанд, но сепак ништо не може да се смета за сигурно. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен остануваат во борба за голгетерот на Борусија (Дортмунд).
Раководството на „граѓаните“ досега понуди највисока плата на Халанд. Според англиските медиуми, понудата до него е за плата од 500.000 фунти неделно.
Покрај тоа, клубот од стадионот „Етихад“ е подготвен да плати провизии на Мино Рајола и таткото на напаѓачот од околу 60 милиони фунти.