Новородени близнаци биле убиени во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање.
Момчето Асер и девојчето Ајсел имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал Кумсан отишол да им ги подигне изводите од матичната книга на родените, јавува Би-Би-Си.
Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана. Во израелски воздушен напад загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците.
„Не знам што се случи. Ми кажаа дека граната ја погодила куќата“, рекол таткото.
Baby twins killed in Gaza as father registered births https://t.co/TlA9yAcXrC
— BBC News (World) (@BBCWorld) August 13, 2024
Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, вели дека 115 доенчиња биле родени, а потоа убиени за време на војната. Според новинската агенција АП, семејството ја следело наредбата за евакуација на градот Газа во првите недели од војната меѓу Израел и Газа, барајќи засолниште во централниот дел на појасот, според упатствата на израелската армија, пренесе Хина.