Вторник ќе биде исполнет со динамични случувања, комплексни ситуации, а за некои и со конфликти. Од последните треба да се чуваат Близнаците и Раковите.
Близнаци
Не ги оценувате фактите објективно и не сте подготвени да ги согледате своите грешки. Не ги усложнувајте работите и не креирајте вишок конфликти со блиските. Ќе се чувствувате виновни, а тие – незадоволни.
Рак
Речиси во текот на целиот ден околу вас ќе се појавуваат конфликтни ситуации. Во дел од нив причината ќе е надворешна, но некои ќе ги провоцирате токму вие со своето однесување. На крајот, она што ќе го надробите, тоа ќе го сркате, па размислете своето однесување.