Близнаците на Бијонсе и Џеј Зи ќе се викаат Руми и Сер Картер

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Загатката за имињата на новороденчињата близнаци на Бијонсе и Џеј Зи можеби е одгатната. Според таблоидот Ти Ем Зи бебиња ќе се викаат Сер и Руми.

До овој заклучок изданието дошло до заклучок откако разбрала дека поп дивата и раперот поднеле барање до американските власти за зачувување на авторските права врз имињата “Руми Картер” и “Сер Картер”, за да не може никој друг да ги користи и да продава на нивен грб.

Таблоидот наведува уште дека документите за авторски заштита биле поднесени во понеделник – токму кога стана јасно дека ѕвездената двојка ги одвеле новороденчињата дома, кои беа под лекарски надзор.

Адресата за фидбек исто совпаѓа со новиот имот во кој семејството Картер живее. Слично барање до Американската служба за патенти и трговски марки доставиле двајцата родители и за името на петгодишната ќерка “Блу Ајви Картер”.