Близок сојузник на Путин предлага нуклеарен напад врз три членки на НАТО

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Еден од пропагандистите на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Соловјов, предложи да се изврши нуклеарен напад врз три членки на НАТО алијансата – Франција, Германија и САД.

Водителот на државната телевизија и отворен поддржувач на режимот на Путин и неговата војна во Украина ја претстави оваа идеја во својата емисија (Вечер со Владимир Соловјов), а клипот на социјалната мрежа X го сподели новинарката Џулија Дејвис од „Дејли Бист“.

Дејвис наведува дека гостите во емисијата посочиле кои западни градови требало да бидат првите мети на нуклеарни напади. „Некои од нивните врвни избори се: Париз, Марсеј, Лион, Хамбург, Минхен или Гармиш-Партенкирхен и САД воопшто.

Ова не е прв пат истакнати личности во Русија да повикаат на нуклеарен напад врз членка на НАТО. Самиот Соловјов и претходно им се заканувал на Франција и Германија.

„Њузвик“ потсетува дека уште еден сојузник на Путин и поранешен руски премиер и претседател, Дмитриј Медведев, отворено повика на нуклеарен напад. Самиот Путин во септември 2022 година изјави дека Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје за да го одбрани својот „територијален интегритет“.

Овој пат Соловјов ја критикуваше Франција и нејзината помош за Киев, наведувајќи дека целта на Франција е „уништување на Русија“. Друг гостин во емисијата, Андреј Сидоров, заменик-декан за светска политика на Московскиот државен универзитет, му рече на Соловјов дека прашањето не е дали Русија треба да користи нуклеарно оружје, туку против кого.

„Често зборуваат за Франција или Велика Британија“, вели Сидоров.

„Точно, Франција, Германија, Полска, Велика Британија“, одговори Соловјов.

Сидоров тогаш рече дека постои уште една земја што претставува значителна опасност. „Мислам на САД. За разлика од другите земји што ги споменавте, САД може да претставуваат егзистенцијална закана за Русија“.

„Едноставно не можам да се одлучам: Париз или Марсеј? Што да уништиме во Германија за нивниот Таурус? Можеби Минхен? Можеби треба да имаме јавно гласање, да видиме кои градови се подготвени да ги поштедат“, му одговори Соловјов.

Слични содржини