Блогерка ги руши митовите за лажно совршенство на Инстаграм

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Да, Instagram може да биде инспиративно место преполно со убави и уметнички фотографии и места што сакаме да ги посетиме. Но, колку тие ја одразуваат реалноста?

Всушност, многу совршени снимки претставуваат нереални идеали и очекувања, што резултира со доста негативни последици за потрошувачите, како што се фрустрација, љубомора и инфериорност.

На ова се спротивставува добро познатиот блогер, Часи Кинг, кој ја користи својата платформа во Instagram за да го промовира позитивниот став кон телото.

Таму ја покажува вистинската страна на “идеалните” слики, истакнувајќи ја огромната разлика меѓу постираните слики и реалноста.

Резултатите се многу корисни, особено за луѓето кои се грижат за своето тело со споредување со некои од социјалните мрежи. Голем дел од сликите во профилот на блогерката се посветени на самиот лажен идеал.

Проверете ги во нашата галерија.