Ивана Р., која вчера беше уапсена во Младеновац, поради сомнение дека таа и нејзиниот сопруг Зоран Р., кој беше уапсен во Бјелиина, му помогнале на осомничениот за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ и ранувањето на неговиот колега Вјекослав В. во Лозница. се претставувала како инфлуенсерка на социјалните мрежи.
– Осомничени се дека двајцата заеднички го договориле транспортот на осомничениот Фатон Хајризи кој го убил полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница и го ранил колегата Вјекослав И., пренесоа српските медиуми.
Зоран Р., сопругот на блогерката која има над 12.000 следбеници на Инстаграм во моментот на апсењето во Бјелина кај себе имал фалсификувани документи на име Марко Марковиќ.
По проверка на идентитетот, утврдено е дека се работи за Зоран Р., по кого е распишана потерница, бидејќи е осуден на осум години затвор за организирање криминална група која шверцувала марихуана. Со кауција од 75.000 евра бил пуштен од притвор во 2019 година, а потоа избегал.
Една година подоцна, во 2020 година, тој се оженил со Ивана Р., а таа го покажала својот скап прстен на социјалните мрежи.
На видеото кое го објави во февруари годинава, таа се „пофали“ дека на 18 години првпат станала мајка и дека морала да го напушти училиштето и да работи како хостеса во ноќни клубови, а потоа го запознала „ човекот на нејзиниот живот кој работи во странство и му родила уште две деца“.
-Сега на сите им е јасно зошто се фалеше дека има успешен сопруг, но ретко објавуваше негови фотографии. Најчесто објавуваше слики од себе, деца и пријатели – изјавил нејзин познаник.
Таа објавувала фотографии од времето поминато во ноќни клубови, плажи, патувања во странство, а нејзиниот сопруг може да се види само на две фотографии направени во 2020 година.
Истрагата ја презеде Јавното обвинителство за организиран криминал во кое ќе биде сослушана Ивана Р.
Фатон Хајризи, кој денеска беше лоциран во близина на Лозница, пружил отпор кон полицијата и повторно пукал во припадниците на МВР, по што бил убиен.