Блок: Нема препрека веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со С. Македонија

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок за МИА изјави дека не гледа пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.

-Земјата нема дополнителни услови, рече тој.

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.

Слични содржини