ЕВН деновиве се пожали дека нивни екипи трет ден по ред не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа. Причината е блокадата на 200 селани на влезот од ова кумановско село, кои не им дозволиле на вработените во ЕВН да почнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.
ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.
Од селото велат дека се подготвени да го платат долгот кон ЕВН, но не сакаат да плаќаат камата на каматата.
Од ЕВН посочуваат дека успешни проекти се веќе спроведени или се спроведуваат во најголемиот дел од Липковскиот Регион, Арачиново, Грчец и други локации во општина Сарај, Визбегово, Сингелиќ, Равен, Гостивар, Прилеп, Битола.