237
Вработените во фабриката за шински возила „Велес” поточно „Колска” денеска сo блокада и сирени го означија огромно незадоволство. Тие протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.
Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај.
– Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук”.